12.8 C
Скопје
03:15 - 13 мај, 2024

МЕТ ДЕЈМОН ЈА ЗАПОЗНАЛ ЉУБОВТА НА СВОЈОТ ЖИВОТ БЕГAЈЌИ ОД ОБОЖАВАТЕЛИТЕ: „Се сокри зад шанкот и се обиде да ме шармира…”

Мет Дејмон ја запознал сопругата Лусијана Баросо на навистина интересен начин, а нивната љубов и денес е силна како на почетокот на врската.

Холивудскиот актер Мет Дејмон и сопругата Лусијана Баросо не сакаат светла од рефлектори и сакаат да го држат својот приватен живот во тајност, па ретко кој знаеше и за нивната венчавка.
Двајцата се запознале во 2003 година во Мајами на многу необичен и смешен начин, но тоа било доволно парот да почувствува меѓусебна хемија.

Дејмон тогаш го снимал филмот „Засекогаш заедно“, а во емисијата на Елен Деџенерис раскажа како налетал на својата сопруга.

„Требаше да снимаме на Хаваи, а потоа филмот беше преместен во Мајами. Една вечер, среде снимањето, неколку момци од екипата предложија да одиме некаде на пиво. Реков дека не ми се оди, ама тие некако ме убедија.

Добро е што го направиле тоа зашто отишле во барот каде што неговата сегашна сопруга била келнерка.

„Ја видов на другиот крај од преполната просторија. Не знам како ќе ни се вкрстеа патиштата ако тоа не се случеше“, заклучи тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Damon (@mattdamonteam)

Двојката се вљубила на прв поглед, а Лусијана своето прво јавно интервју го даде дури во 2018 година за Vogue Australia, кога изјави:

„Јас бев келнерка, тој снимаше филм таму и екипата заврши во бар една сабота навечер. Приказната на Мет е дека ме видел на другиот крај од просторијата во моментот кога ме облеала некоја светлина, а јас му велам: „Нормално, тоа е ноќен клуб, има светла насекаде!“

Меѓутоа, тогаш работите станале малку покомплицирани.

„Луѓето почнаа да го препознаваат и да бараат слики и автограми, а потоа тоа стана малку агресивно поради алкохолот и слично, па тој дојде и се сокри зад мојот шанк“, продолжи таа.

„Праша дали може таму да ја пие пијачката, далеку од лудилото, а потоа ја одигра картата на шармот и рече: „Те видов и навистина сакав да разговарам со тебе“.

Но, наместо да падне на неговиот шарм, Лусијана студено му возвратила: „Знаеш, ако сакаш да бидеш тука, не можеш само да стоиш!“

Дејмон го прифатил предизвикот, а работата како шанкер не му била тешка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Damon (@mattdamonteam)

„Тој неколку години претходно одел на обука за шанкер за потребите на некој филм, па почна да прави пијалоци“, се сеќава таа. „И ми заработи огромен бакшиш таа вечер бидејќи, се разбира, сите сакаа да го видат. Така тоа се претвори во навистина забавна ноќ и 15 години подоцна – еве сме!“

Оваа приказна за тоа како двајцата млади се запознале звучи како бајка, а нејзиното продолжение не е ништо помалку бајковито.

Баросо додаде за Vogue Australia: „До крајот на ноќта ме покани да излезам со неговите пријатели, но јас реков: „Не можам, имам четиригодишна ќерка, нема да одам никаде.“

Наместо да има негативна реакција, Дејмон одлично го прифатил овој неочекуван факт. „Тоа беше една од работите што му се допаднаа, тоа што имав ќерка, па рече: „Ми се допаѓа што си мајка и што тоа ти е приоритет“.

Во 2005 година, парот одлучи да застане пред олтарот и да го прослави тоа со мала приватна прослава во Њујорк, а во 2006 година станаа родители на првата ќерка Изабел. Во 2008 година се роди нивната втора ќерка Гиа Завала, а во 2010 година Стела.

Тие ги обновија заветите во 2013 година, а Дејмон дополнително ја докажа својата љубов кон семејството тетовирајќи ги имињата на девојките од неговото семејството на раката.
За овој пар семејството е сè, па за нив важи строгото правило дека семејството е секогаш на прво место, како и тоа никогаш да не бидат разделени повеќе од две недели.

Многумина би се запрашале како успеваат да го почитуваат ова правило со оглед на тоа што снимањата на Дејмон траат многу подолго и на различни страна од светот, но очигледно тој го сфатил тоа многу сериозно.

Во 2013 година, Дејмон го одложи долго посакуваното режисерско деби и ја одби работата затоа што претходно отсуствувал поради снимањето на „Елисиум“ и тоа ќе значело повторно да замине на долго време.

Оваа брачна двојка навистина може да биде пример за многу парови, а на прашањето која е тајната на нивната долга љубов, Лусијана за Vogue одговори: „Знам само дека и двајцата имавме многу среќа што се запознавме, па не го земаме тоа здраво за готово. Тоа е живот и брак, има подеми и падови. Но, пред сè, тоа е лесно и

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Matt Damon (@mattdamonteam)

Слични објави

(Фото) Се омажи внуката на Бата Живојиновиќ: Прекрасната Дина блесна во раскошна венчаница

Еспресо

Јелена Карлеуша открива нови детали од бракот со Душко: „Јас сум таа која ја одржува таа заедница…“

еспресо

Јована Јеремиќ тврди: „Го сонував свети Василиј Острошки кој ми рече што ќе ми се случи“

еспресо

(Фото) Се ожени актерот Сергеј Трифуновиќ: Невеста како од бајките

еспресо

(Видео) Го пречекаа како херој! Еуфоричен дочек на Бејби Лазања во Загреб, река од илјадници луѓе

Еспресо

(Фото) Само од овие 6 земји Србија доби поени од гласовите на публиката на Евровизија: На листата покрај Хрватска и Албанија

Еспресо
Се вчитува....