10:33 - 1 ноември, 2026

(ВИДЕО) СЕ ВРАТИ ОД АВСТРАЛИЈА ДА ПЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Слушнете ја новата песна на Никола Зацески – „За Вас“

Песна по песна, скромно и ненаметливо, младиот пејач Никола Зацески ја гради својата музичка кариера по враќањето од Австралија во Македонија. По „Мојот пат“, „Срцето мое тука чука“, по одличната преработка на „Лихнида“, талентираниот Зацески продолжува да твори и да создава нова музика.

Фото: Никола Зацески – „За Вас“

Овојпат Никола и неговиот тим ја промовираат песната „За вас“, нумера на која работеа едни од најдобрите во нашата земја. Музиката и аранжманот се дело на познатиот Николче Мицески, текстот го потпишуваат Никола заедно со одличната Весна Малинова, а се снимаше во студиото „XL“ на Дејан Момироски.

Фото: Никола Зацески – „За Вас“

Станува збор за нумера во која буквално ќе може да се пронајде секој од нас, бидејќи инспирацијата е љубовта кон фамилијата.

Фото: Никола Зацески – „За Вас“

„Ова за мене е најдрагоценото нешто што сме го креирале до сега со мојот тим, бидејќи секоја буква и нота има длабоко значење за мене и е преполно со емоции од љубов, среќа, тага, солзи – сето тоа испреплетено во една песна.  Живеењето неколку години надвор од Македонија разбудија уште поголеми емоции кон мојата татковина и родители (фамилијата), па од таму моите први песни се инспирирани од нив“ – вели младиот Зацески

За екранизацијата на ова емотивно „соголување“ на Никола Зацески се погрижи младиот Никола Митревски, кој се потишува како режисер на видеоспотот.

Слични објави

Почина Мишо Ковач — никогаш не ја преболе смртта на синот Еди, кој имаше само 16 години

К.С.

Детокс смути со тиква и јаболко — здрав напиток што се подготвува за пет минути

К.С.

Дневен хороскоп за 1 ноември: Раковите ќе се соочат со емоции од минатото, а Девиците ќе добијат неочекувана покана

К.С.

(Фото) Во црно од глава до пети – Северина го врати модниот хит од 80-тите

Еспресо

Луна Ѓогани искрено за бракот и лошите искуства: „Марко ми ја виде душата, а остана со мене и покрај сите мои маани“

E.A.

(Видео) Жаре од „Еден на еден“ се присети на Тоше Проески: „Таква енергија не можеш да опишеш со зборови“

К.С.
Се вчитува....