21:03 - 8 ноември, 2026

(Видео) Се огласи сопругата на Милан Калиниќ по разводот: „Сè е џабе…“

Српскиот водител Милан Калиниќ по 18 години брак се разведе од сопругата Сандра и секој тргна по својот пат, а одвреме-навреме се активни и на социјалните мрежи.

Сандра и Милан Калиниќ изгледаа како многу хармонична брачна двојка, па веста за нивниот развод ги изненади сите. Како што информираа српските медиуми, разводот се случил многу пред јавноста да дознае за колапсот на нивниот брак.

За причините за разводот многу се шпекулираше, а се шушкаше и дека е во прашање неверство. Сепак, тие зборуваа за тоа. Меѓутоа, она што е сигурно е дека секој си продолжил по својот пат, а судејќи по Инстаграм и двајцата по разводот патуваат и времето го поминуваат со пријателите.

Сандра неодамна на Инстаграм сподели видео со фотографии од патување од Италија каде била со своите пријатели. Поранешната сопруга на Калиниќ блеска на фотографиите и не ја тргнува насмевката од лицето.

Исто така, она што ги заинтригира нејзините следбеници е описот што го стави со објавата.

„Сè е за џабе ако не си среќен и сè друго е помалку важно ако си. Среќна сум што ве имам. Најдоброто допрва доаѓа”, рекла Сандра.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kalinic Sandra (@kalinasandra)


Од друга страна, и Милан по разводот ја напушти Србија. Ја посети Норвешка каде се релаксираше на плажите. Исто така, Калиниќ редовно тренира и е многу посветен на себе, а на својот профил објави и видео од вежбалницата.

Милан неодамна првпат се појави во јавноста, а со него беше и нивната ќерка.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....