23:13 - 29 ноември, 2026

(Видео) Раперот Фифти сент „скрши“ микрофон од глава на девојка: Хорор сцена на концерт, девојката заврши во болница

48-годишниот американски рапер Кертис Џејмс Џексон, попознат како 50 Cent, фрли микрофон кон обожавателите за време на настап. Концертот со скандалот се одржа во арената Crypto.com во Лос Анџелес, каде на сцената му се придружи на раперот YG.

Продуцентот на раперот му предал неколку искршени микрофони за време на неговиот настап, по што видно бесниот музичар го фрлил микрофонот во толпата.

Иако видеото не покажува каде удрил микрофонот, водителка на радиото Power 106, Брихана Монегејн вели дека микрофонот ја удрил во челото. На фотографиите се гледа дека лекарите ја сошиле раната и и завиткале голема количина завој околу челото. Во меѓувреме, извор близок до 50 Cent рече дека Монегејн не требала да биде во ограничениот дел, иако не е јасно како тоа ја оправдува одлуката на Фифит Сентс да го фрли микрофонот во толпата.

Повредената девојка дала изјава во полиција, а раперот е прогласен за осомничен за делото.

принтскрин
принтскрин

Да потсетиме, колешката на раперот, американската пејачка Карди Би беше во слична ситуација откако фрли микрофон кон обожавателка која ја полила со пиво за време на нејзиниот настап во Лас Вегас. Жртвата напиша изјава во полиција, но 30-годишната рап артистка беше ослободена.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....