12:24 - 5 декември, 2025

ВИДЕО | Париз-Скопје-Берово: Раперот Ванчо ака Стар Бој има нова песна!

Ванчо, Македонецот кого под неговото уметничко име Star Boy, домашната јавност веќе го откри, а сега и полека го запознава и како артист, а и неговата работа како автор, изведувач и сопственик на нов моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“.

„Star Boy“ живее на реалција Париз-Скопје-Берово, а престојот во Македонија го искористи да ја обзнани својата музика, да ги презентира своите први три теми и промовира во јавноста задно со видеоспотовите за нив. Идејата му е да направи интернационална кариера паралелно работејќи на домашната, регионалната и европската музичката сцена, па токму затоа тој снима на неколку јазици, меѓу кои и на македонски. Во последните 3 години од својата професионална кариера Star Boy има снимено видеа од неколку европски градови како што се Париз, Амстердам, Брисел и Лондон кои можат да се погледнат на неговиот официјален Јутјуб канал „Royalty Records“.

Стар Бој и Кристина/Промо

Концептот: три песни со три видеа до Нова Година, „Star Boy“ успешно го турка, па така по првата тема „Cash game“ која ја промовираше во етерот точно на 23 ноември 2020, еве ја втората, овој пат насловена „Мad“.

Самиот  тој е комплетен автор на музиката и стиховите, битот е на  TaipOnTheBeat, додека миксот мастерингот се изработени од  LilPetr Directed. И темата „Мad“ како што е најавено е исто така проследена со видеоспот, кој го потпишува Владислав Гавриловски, а истиот е сниман на неколку локации во македонската престолнина – Скопје.

Стар Бој и Кристина/Промо

Фотографијата ја изработил на Венко Паркуера, а во новото видео на  „Star Boy“ овој пат главната женска ролја ја има едно познато македонско лице од естрадно-модниот свет, македонската манекенка, мисица и модел, Кристина Димитри(евска).

„Зборувам вистина па затоа ме мразат, почнав од нула, види ме сега газам“… е еден од суштинските стихови во песната која сериозно ја стресе македонската музичка сцена во жанрот на кој му припаѓа „Star Boy“.Проектот три траки – три видеа до Нова Година комплетно ќе биде реализиран наскоро, како прва фаза од песните кои треба да се најдат и на неговиот дебитантски албум кој ќе содржи 8 теми.

Наскоро менаџмент тимот и продукцијата на „Star Boy“ планираат и голема медиумска онлајн промоција со претставување на самиот артист, неговите досегашни песни и видеа, плановите за албумот и целиот концепт околу одвивањето на неговата музичка кариера, како и презентирање на неговата модна линија во Македонија, на новиот моден бренд за гардероба наречен „Royalty Paris“.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....