18:10 - 7 ноември, 2026

(Видео) Лепа Брена крена нога на концерт и ги „запали“ мрежите: „Она кога за малку ќе ти го скрши телефонот“

Лепа Брена неодамна одржа концерт во Малинска на островот Крк, а видеото на кое ја крева ногата за време на изведбата стана вирален хит на социјалните мрежи. Додека го изведуваше хитот „Коловоѓа“, таа ја крена ногата високо во нејзин препознатлив стил и ја доведе атмосферата до вжештување.

„Она кога Лепа Брена за малку ќе ти го скрши телефонот со нога“, напиша корисничката на Инстаграм која го објави видеото од првите редови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irena.maros (@irena.vk.maros)

За овој концерт, Брена избра бела комбинација на која беа испишани насловите на нејзините најголеми песни, зачинета со отворени штикли. По настапот, таа им се заблагодари на присутните:

„Ти благодарам, Крк! Поубаво враќање од кратката пауза не можев ни да замислам. Ноќ за паметење! Ве сакам“, порача пејачката.

Потег што потсети на легендарниот момент од 1983 година

Овој нејзин потег ги врати сеќавањата на далечната 1983 година, кога на концерт со „Слатки грех“ во Мостар, Брена толку силно ја крена ногата што се удри себеси во главата и падна на сцената. Сепак, таа тогаш веднаш се подигна и продолжи да пее како ништо да не се случило — момент кој влезе во легендите на балканската поп-фолк сцена.

Слични објави

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.
Се вчитува....