05:26 - 8 ноември, 2026

(Видео) Нема да верувате колку години наполни Бојана Лазиќ: Три торти и раскошен букет за славеничката

Српската водителка Бојана Лазиќ синоќа го прослави јубилејниот 40-ти роденден во друштво на своето семејство и најблиските пријатели. По тој повод, таа ги собрала блиските луѓе во едно кафуле, каде што со торта и свеќи. го одбележала овој посебен ден.

Пријателите ѝ приредиле изненадување и ја израдуваа со голем букет рози, но и со дури три различни торти. Бојана со насмевка ги изгасила свеќичките на тортата и замислила роденденска желба.

За прославата, таа избрала тесен фустан во беж нијанса, кој ја истакнувал нејзината витка фигура и деколтето. Бројни честитки пристигнала од сите страни, а водителката не го криела задоволството поради животниот период во кој во моментот се наоѓа.

Да потсетиме, Бојана има син од бракот со Жарко Лазиќ, кој денес е веќе пораснал, со кого живее и кој е нејзината најголема животна поддршка.

Во една прилика, таа открила дека син ѝ одвреме-навреме ѝ го скренува вниманието на начинот на кој мажите ја гледаат.

– Кога се враќавме со авион од Црна Гора, ми рече: „Леле, мамо, како те гледа овој тип.“ Па продолжува со прашањата: „Мамо, како си толку убава, а си сама?“ Тогаш јас нему му објаснувам дека јас ги разделив тие два света. Кога сум во долга врска и имам партнер, јас тие работи не ги спојувам, единствено ако тоа не биде до крајот на животот, па ќе го претставам во секоја смисла на своето дете. Би сакала да бидам со некого и тој би ми бил поддршка, нема проблем – рекла водителката, па откри и што ѝ е најважно кај еден маж:

– Мене ми е важна финансиската стабилност кај мажот. Не барам вили и камиони, важно ми е да имам свој дом, сигурна работа, да можам да отпатувам некаде. Човек кој вели дека финансиите не му се важни, лаже. Најважен е мирот, ако ти го задржиш тоа, а имаш свое време и заработуваш покрај тоа, тогаш тоа е добитна комбинација – објаснила Бојана.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....