17.8 C
Скопје
18:45 - 18 октомври, 2026

(Видео) „Сингл животот е супер, слободна девојка“: Сања Савеска откри детали за љубовта

Дали водителката Сања Савеска е „сингл“? Таа ги заинтригира своите следбеници на Инстаграм со видео кое предизвува реакции и прашања за нејзиниот љубовен статус.

Во видеото Сања весело танцува, а на екранот се појавуваат натписите „Сингл животот е одличен“ и „Слободна девојка, слободна девојка“. Дополнително внимание привлече и маицата што ја носи, на која пишува: „Упс, ако изгледаше дека сум заинтересирана, не сум“.


Иако не откри дали пораката е само шега или навистина се однесува на нејзиниот приватен живот, објавата ги поттикна шпекулациите дека водителката можеби повторно е „сингл“.

За Савеска јавноста знае дека со години беше во врска со неврохирургот Томи Камилоски, за кого секогаш зборуваше со многу љубов. Во интервју за „Слободен печат“ во 2023 година откри дека, и покрај бројните професионални обврски, секогаш се труделе да најдат време еден за друг.

„Живееме мирен живот, посветени сме на нашите заеднички планови“, изјави тогаш Сања, додавајќи дека Томи ѝ е најголемата поддршка.

Уште во 2020 година, кога стана дел од емисијата „Брза кујна“, таа за „Слободен печат“ рече:

„Секој слободен момент го користам да бидам со мојот партнер Томи, кој ми е поддршка во сè што правам. Сакаме да шетаме во природа, но и да патуваме кога имаме можност.“

Токму затоа новото видео привлече внимание кај нејзините следбеници, бидејќи подолго време водителката не објавува фотографии со Камилоски.

Засега, Сања не дала никаква официјална потврда дека нејзината врска завршила, па останува нејасно дали видеото е само забавна објава во духот на популарните трендови на социјалните мрежи или, пак, суптилен начин да открие дека започнала ново поглавје во животот.

Слични објави

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.
Се вчитува....