22:39 - 7 ноември, 2026

(ВИДЕО) Ќе ве „ЗАРАЗИ“ уште НА ПРВО СЛУШАЊЕ: Лозано има нова песна

По подолга пауза една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна. „После полноќ“ е името на новата песна и дефинитивно таа ќе биде пријатно изненадување за публиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)


Иако можеби повеќето очекуваа дека Лозано повторно ќе објави песна слична на претходната, тој и неговиот тим, продуцентите Лазар Цветкоски и Ена Цветкоска создадоа ремек-дело со светски звук.

“Презадоволен сум тоа како звучи песната, а се разбира и од тоа како изгледа видеоспотот. Сега останува само публиката да си го каже своето, јас сум сигурен дека ќе им се допадне  – изјави накусо Лозано.

Како режисер на видеоспотот се потпишува познатиот Даниел Јовески со кого Влатко соработува веќе неколку години, додека пак за стајлингот и овојпат беше задолжен Андреј Ѓоргиевски – Папаз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)


Инаку ова е само најава за она што допрва ќе следи од Лозано и неговиот тим. Тие веќе имаат подготвено неколку нови песни, а деновиве се работи и на сценариото за новиот видеоспот кој треба да почне да се снима многу скоро, а тоа значи уште една нова песна во блиска иднина…

Да не должиме многу, погледнете, слушнете:

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....