3.8 C
Скопје
22:40 - 10 март, 2026

Вест која ја шокираше јавноста: Пејачката со месеци на психијатрија против своја волја

После веста дека се повлекува од јавноста со објаснување дека сака да го поддржи својот болен татко, за пејачката Бритни Спирс испливаа информации кои ја шокираа јавноста. Имено, како што пренесуваат странските медиуми, пејачката се наоѓа на лекување во ментална установа, каде што е сместена против своја волја. Меѓутоа, пејачката се наоѓа таму од јануари, а не од оваа недела, како што првично беше кажано.

Родителите на пејачката веќе со месеци јавно не се изјасниле, како ни нејзиното момче, Сем Асгари, ниту пак поранешниот сопруг, Кевин Федерлајн. На социјалните мрежи Бритни имаше само две објавени фотографии од јануари, со што предизвика сомнеж кај фановите.

Имено, таа тогаш рече дека мора да му се посвети на својот татко после неговата операција и дека тоа е причината поради која се повлекува од медиумите.

Меѓутоа, во јавноста неодамна се појави гласовна порака од поранешен член на тимот на Бритни Спирс, кој вели дека пејачката е во психијатриска установа од јануари, како и дека не се знае кога ќе биде пуштена. Тој додава дека пејачката одбивала да оди на лекување и дека таму е против своја волја. Вели дека пејачката не сакала да ги зема лековите кои се нејзина стандардна терапија уште од 2007 година, кога после нервниот слом, ја избричи главата во еден фризерски салон во кој упадна сосема неочекувано.

Од тие причини, членовите на нејзиното семејство донеле одлука пејачката да ја остават на лекување.

Слични објави

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо
Се вчитува....