14.8 C
Скопје
19:59 - 26 април, 2024

Турбулентната врска на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ низ годините: Се сакаме како првиот ден кога се запознавме!

Балканската дива Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ, постојано привлекуваат големо внимание на јавноста. Едноставно се следи секој нивен чекор, а фотографиите што ги објавуваат на социјалните мрежи редовно се анализираат.

Иако во последно време често се шпекулира за нивниот развод, тие сепак уште се заедно. Двајцата ретко зборуваат за својот приватен живот во медиумите. Се венчаа на 28 јуни 2008 година. Венчавката се одржа во градината на хотелот „Prezident“ во Ковилово. Еден од највпечатливите детали на венчавката, покрај невестата, беше и феноменално украсената градина со базен над кој се протегаше писта долга 22 метри.

Инстаграм

Пејачката носеше три венчаници, а секоја од нив беше поубава и погламурозна од претходната. Карлеуша до олтарот кој беше во форма на срце дојде во придружба на нејзиниот татко. Тие разменија венчални прстени (вредни 5 илјади евра) и завети, а бели балони во форма на срце лебдеа на површината на водата околу нив што придонеса за уште поромантична атмосфера.

Целата свадба на Душко и Јелена беше гламурозна, а тој гламур според претпоставките чинеше помеѓу 80.000 и 100.000 евра. На гостите кои седеа на масите околу базенот им се послужуваше кавијар, најубав шампањ, специјалитети од италијанска и азиска кујна.

Инстаграм

Меѓу гостите имаше многу луѓе од светот на шоу-бизнисот, политичари, креатори, спортисти. Пејачката Мина Костиќ пееше како подарок од гостин на свадбата на Јелена. Покрај неа, на свадбата пееја и „Тропико бенд“, Никола Роквиќ и покојниот Дарко Радовановиќ. Меѓу ВИП гостите беа: Драгана Мирковиќ, Индира Радиќ, Ивица Дачиќ, Стоја, Марина Туцаковиќ, Дејан Миличевиќ, Александар Коларов и други.

Облечена во екстравагантен фустан изработен од бела свила и циркони, што самата го креираше , невестата прошета по пистата на вода долга 22 метри. Мајката на Јелена, Дивна Карлеуша, не можеше да ги задржи солзите слушајќи ја нејзината ќерка како го изговара судбоносното „Да“.

Инстаграм

На гостите им беа послужени ракови, фламбирани јастози, карпачо, пилешки крилца во сос од теријаки, круши полнети со горгонзола, спанаќ и салата од јагоди, печено јагне, морски плодови, октопод на скара и многу други зачинети деликатеси на меѓународната кујна, шампањско и не помалку ексклузивни бели и црвени вина.

Една од повпечатливите случки на венчавката беше моментот кога Стоја и Индира за малку ќе се степаа околу бидермаерот, но никој од нив не го фати.

Првиот танц на Јелена и Душко беше на баладата на Сергеј Четковиќ „Погледи у тами“, што воедно го означи и крајот на романтичниот дел од вечерта. Почетокот на спектакуларната забава го најави „Тропико бенд“, а веднаш по нив и Мина Костиќ.

Инстаграм

Кога Дарко Радовановиќ го зема микрофонот, неколку од највеселите гости, предводени од младоженецот, скокнаа во базенот. Но, дефинитивно најголемата еуфорија настана кога Душко започна невообичаен вокално-визуелен перформанс со песната на Јелена „Жените сакаат дијаманти“.

Инстаграм

„Отсекогаш сонував за убава, романтична венчавка, па се очекуваше дека мојата венчавка ќе биде како од најубавите бајки на Дизни. Ја користам оваа можност да им се заблагодарам на сите што ја направија мојата венчавка уникатна преку најтиражниот магазин за познати личности“, изјави за „Свет“ Карлеуша 36 часа по венчавката.

Јелена и Душко во бракот добија две ќерки Атина и Ника, кои израснаа во вистински убавици.

Слични објави

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо

(Фото) Нина Бадриќ беше во брак со хрватски милионер: Сега е оженет со оваа убавица и имаат две деца

Еспресо

(Фото) Корсет, црвен кармин и брутална линија! Се појавија фотографии од роденденот на Јована Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....