13:31 - 10 ноември, 2026

ФОТО | Адријана Лима и во најопуштено издание плени со својата убавина!

Поранешниот модел на Викторија Сикрет прошета во целосно опуштено издание и предизвика вистинска лавина коментари.

И покрај тоа што јавноста е навикната да ја гледа Адријана Лима (39) во најгламурозните изданија, таа знае да изненади и со многу полежерни комбинации. Скоро секогаш е врвна, но овој пат фотографите ја „уловија“ во потполно природно издание, без трошка шминка додека заедно со својата ќерка шета по улиците во Мајами.

Профимедиа

Манекенката прошета во лежерна црна комбинација и папучи со високи бели чорапи.

Фотографиите од Лима предизвикаа поделени коментари. “Убава и без грам шминка. Природна и негувана жена“, беа дел од позитивните коментари.

Но, од друга страна имаше и такви кои велат дека манекенката е непрепознатлива и дека изгледа како повеќето девојки. „Има многу поубави и попривлечни девојка од неа. Да ја поминев, немаше да ја препознаам“, гласеше еден од коментарите.

Профимедиа

Слични објави

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.
Се вчитува....