23:24 - 11 ноември, 2026

Цеца откри долго криена тајна: Дали платила за една од своите најпознати песни?

Цеца Ражнатовиќ во интервју за „Курир Старс“ открива на кого сè пеела пратечки вокали, но и кои ѕвезди пееле за нејзините песни, како и колку чинела песната „Београд“.

Цеца открива дека иако се зборува дека пеела придружни вокали на песната „Ваздух који дишем“ на Дајана Трипуновиќ, тоа не е вистина, туку дека единствен пат пеела за Вики Миљковиќ за песната „Свадбе нече бити“.

Таа услуга не ја наплатила, туку го направила тоа на пријателска и колегијална основа, како што за неа го имаат направено тоа Ана Бекута, Мира Шкориќ и Гоца Тржан.

Во јавноста исто така се зборува и дека „Београд“ била наменета за Весна Змијанац и дека Цеца морала да плати за да ја добие таа песна. Сепак, за „Курир Старс“ таа открива дека во тој момент не знаела дали „Београд“ е наменета за некого, туку Дино Мерлин ѝ ја понудил како опција за дует, но потоа ја снимила сама.

Исто така, Цеца тврди дека никогаш не одбила песна, за потоа да ја чуе од друг изведувач, туку дека песните за неа секогаш биле компонирани наменски.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....