Официјално е потврдено дека Скарлет Јохансон се свршила со Колин Јост. Марсел Парисеу, претставникот за медиумите на Скарлет Јохансон ја потврди веста за свршувачката.
Ова за Јохансон ќе биде трет брак, а за актерот и сценарист Јост, прв.
Скарлет претходно била во брак со францускиот новинар Роман Дуриак, со кого има двегодишна ќерка, а потоа со глумецот Рајан Рејнолдс.
Со Јост е во врска помалку од две години, а неодамна заедно се појавиле на премиерата на филмот „Авенџерс: Ендгејм“.