Планетарно популарната манекенка решил да стави точка на романсата со мажот за кој воздивнуваат многу припаднички на понежниот пол.
Џиди Хадид одлучила да раскине со „господин совршен“, Тајлер Камерон, а медиумите ги открија деталите.
– Раскинаа пред неколку недели. Се случувало се набрзина и врската бараше премногу жртви. Раскинаа пријателски и по се изгледа ќе останат пријатели – рекол извор близок на парот.
Открил дека сепак двајцата ќе продолжат да се дружат, но едноставно решија да успорат со романсата. Џиџи е зафатена и често патува, додека Тајлер се обидува да остане во Њујорк.
Тајлер пред неколку дена во една телевизија, Џиџи ја нарече пријателка, па така и се откри дека тие двајца се на „пауза“.
– Тоа е моја пријателка. Излеговме неколку пати. Таа сега си ја работи својата работа во Париз и растура – рекол Камерон, а зошто е еден од милениците на дамите, ќе сфатите кога ќе ги погледнете фотките.