14:33 - 19 февруари, 2026

Тејлор Свифт го живее својот кошмар: Моќните продуценти може да ѝ го загорчат животот!

Една од најплатените музичарки на денешницата, американката Тејлор Свифт, веќе неколку месеци доживува вистинска драма кога е во прашање нејзината кариера. Поп-иконата е во борба со издавачката куќа која ги има правата на нејзината музика. Таа ги обвинува за измама и повреда на правата додека тие се бранат дека се што правеле било законски и во договор со авторката.

Станува збор за музичкиот продуцент менаџер и ловец на теленти, Скот Борчети и музичкиот менаџер Скутер Браун, но и компанијата Big Machine Label Group која и денес ги држи правата на музиката на 29-годишната пејачка.

Иако ја напуштила издавачката куќа и ангажирала нов менаџер, Свифт со потпишаните договори од пред десетина години, целиот свој труд и работа ги ставила во рацете на споменатите Борчети и подоцна Браун кој дополнително ја купил компанијата. До новиот заплет во односот дошло откако на славната музичарка, двајцата моќници и забраниле користење на песните кои ги снимала до излегувањето од Big Machine Label Group па се до крајот на 2020 година.

Profimedia

Тоа би значело дека Свифт не смее да ја изведува својата музика на наредните концерти, како ни на важното доделување на АМА наградите, од каде веќе ја известиле дека ќе биде прогласена за музичарка на деценијата. Освен тоа, успешната пејачка веќе две години во тајност соработува со Нетфликс на снимањето на документарецот за нејзината работа и живот. Тоа значи дека своите снимки од изминатите концерти, настапи и песни не смее да ги користи во филмот.

За целата проблематика Тејлор се огласи по пат на друштвените мрежи и нагласи дека со овој потег Борчети и Браун се обиделе да ја замолчат и заплашат.

Profimedia

„Скот и Скутер ми оневозможија да ја изведувам мојата сопствена музика. Нивната порака е многу јасна. Во суштина сакаат да ми порачаат да бидам добра и тивка девојка или ќе ме казнат. Тоа е погрешно. Ниту еден од нив не е автор на мојата музика, ниту на текстовите, а исто така и не ја заработија мојата врска со обожавателите. Поради таа причина ве молам сите за помош. Се што сакам е можност да си ја изведувам сопствената музика“, е само дел од долгиот пост на Тејлор.

Во нејзина одбрана застанаа многубројни ѕвезди кои ги нарекуваат продуцентите расипани, измамници и злобни личности.

Слични објави

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо
Се вчитува....