16:28 - 29 ноември, 2026

Sвездата од „Волкот од Волстрит“, Џона Хил стана татко

Познатиот американски актер, комичар и режисер Џона Хили неговата девојка Оливија Милар го добија нивното прво дете, потврди портпаролот на актерот за магазинот People.

39-годишниот актер е најпознат по 21 Jump Street, 22 Jump Street, The Wolf of Wall Street, War Dogs Superbad, а неодамна глумеше и во You People на Netflix заедно со Еди Марфи. Пред Оливија, Џона беше свршен со менаџерката Гаина Сантос, но таа врска заврши во 2020 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chismexcepción (@chismexcepcion)


Во последните месеци најмногу се зборуваше за неговиот изглед. Џона во текот на целата своја кариера имал проблеми со вишокот килограми, односно поради некои филмови морал да ослабне и да качи килограми. Затоа одлучил јавно да проговори за своето ментално здравје во документарниот филм наречен Stutz, кој го снимил во тајност со својот терапевт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BabyNames.com (@babynamesdotcom)


Неговата девојка првпат била видена со труднички стомак на крајот на март во Калифорнија. Оливија е ко-сопственичка на онлајн продавница за винтиџ, а првпат беше фотографирана со Џона минатиот септември во Санта Барбара.

Слични објави

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.
Се вчитува....