Кралското семејство го погоди голем скандал кога исплива информацијата дека принцот Хари ја изневерувал својата избраничка Меган Маркл со манекенка.
Ангела Левин напиша биографија за кралското семејство, каде истакна дека Меган не е единствената личност со која Хари започнал врска во 2016 година.
Според зборовите на авторката, Хари имал романса и со манекенката Сара Ен Меклин, а и на двете им испраќал пораки додека тие не прифатиле да се видат со него.
Меклин го оставила принцот по само неколку излегувања, а не е познато дали американската актерка знаела дека не е единствена девојка на Хари во тој период.