12:40 - 8 ноември, 2026

Супермоделот Паулина Поришкова искрена докрај – „бев само закачалка за алишта“

Паулина Поришкова во разговор со „yahoo life“, ги сподели лекциите што ги научила додека била една од најбараните манекенки во светот.

Иако долго време ѝ се восхитуваа на нејзината младост, убавина и тело, Поришкова вели дека не била ништо повеќе од „закачалка за облека“ во времето кое се смета дека била најславна во светот на модата.

– Од перспектива на постара жена, се гледам себеси како млада жена и размислувам, што имаше за славење? Немав половина од својот памет, немав половина разбирање, немав трпение, немав карактер. Навистина, кога велат дека си бил во цутот, единственото нешто што било најдобро тогаш е тоа што моето лице немало ниту една брчка, а исто така и телото… дека сум мазно платно. Сите добри работи доаѓаат додека растеш. Па, зошто ја славиме младоста до тој степен? Сè уште го барам тој одговор. На пример, зошто ја обожаваме младоста? Зошто жените на моја возраст сакаат да изгледаат 20 години помлади? – прашува Поришкова.

Паулина Поришкова е шведски модел. Родена е во Чешка, а израснала во Шведска. Поришкова стана првата жена од централна Европа која се појави на насловната страница на изданието за костими за капење Sports Illustrated во 1984 година. Како актерка, Поришкова го имаше своето филмско деби во филмот„ Ана“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....