10.8 C
Скопје
17:32 - 30 март, 2026

Софија Вергара и нејзиниот сопруг стравуваат за животот, побараа заштита од судот

Продуцентскиот партнер на Софија Вергара, Луис Балагер, поднесе барање за мерки за заштита на актерката, нејзиниот сопруг Џо Манганиело, нејзиниот возрасен син Манола и самиот себе поради маж кој неодамна е уапсен поради неовластен влез во затворента заедница во која живее ѕвездата.

Балагер во судските документи наведува дека Рангифо Рандазо, ментално нестабилен маж, при апсењето поради престапот признал дека ги демнел нив четворица.

Според пишувањето на „TMZ“ продуцентот наведува дека тие стравуваат за своите животи бидејќи Рандазо повеќе пати ги малтретирал.

Во пријавата се наведува дека тој е повеќе пати приведуван поради насилство во семејството, а мерки за забрана за него веќе побарале и некои други личности.

Фото: Инстаграм

Од судијата бараат на Рандазо да му се одреди забрана за приоѓање на помалку од 100 метри.

Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ и нејзиниот сопруг актерот во неделата ја прославија петтата годишнина од бракот и на социјалните мрежи споделија видео од својата раскошна венчавка на Флорида.

Фото: Инстаграм

„Среќна 5 годишнина Џо Манганиело, те сакам“, напиша 48-годишнта Вергара и објави фотографии од венчавката на која тие двајца ја сечат свадбената торта пред олтарот и не можат да го оттргнат погледот еден од друг.

Фото: Инстаграм

Пет години помладиот сопруг и возврати на Вергара со објавата на снимка од нивниот прв свадбен танц на песната од Френк Синатра „The Way You Look Tonight”.

Фото: Инстаграм

Покрај видеото Манганиело на сопругата и напиша „Среќна петта годишнина, љубов моја. Толку многу те сакам“.

Фото: Инстаграм

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....