4.8 C
Скопје
21:57 - 17 февруари, 2026

Скапи вили и автомобили за нив е ситница: Погледнете кои светски ѕвезди имаат приватни острови (ФОТО)

Благодарение на популарноста која ја стекнаа со успешните кариери, многу светски ѕвезди имаат милиони на своите сметки, па токму поради тоа неизбежно е да живеат луксузен живот.

Многумина од нив свето богатство го трошат на дизајнерски парчиња, спортски автомобили, луксузни јахти и приватни авиони, а некои од нив дури станаа сопственици на приватни острови.

Ова е листата на најпознати имиња кои имаат сопствени острови:

профимедиа

Бијонсе и Џеј Зи

Парот уште во 2013 година станаа сопственици на преубав остров на Бахамите.

За овој благодет тие платија четири милиони долари, а поводот беше годишница од брак.

Џони Деп

Славниот актер е сопственик на островот „Pond Cay“ кој исто така се наоѓа на Бахамите. Тој го купил во 2004 година за 3, 6 милиони долари.

Мел Гибсон

Оскаровецот Мел Гибсон уште во 2005 година го купи островот Маго на Фиџи за 15 милиони долари. По успехот на контроверзниот филм „Страдањето на Исус“, Мел се почасти со остров со површина од 90 хектари на кој се наоѓаат неколку изгасени вулкани.

Рики Мартин

Познатиот пејач во 2008 година купи остров блиску до Рио де Жанерио, а за ова задоволство плати 8 милиони долари.

Шакира

Атрактивната Шакира во 2001 година „пазари“ остров на Карибите за 16 милиони долари.

Шакира и музичарот Роберт Вотерс ги здружија силите и го купија островот Бондс Ки, северно од Бахамите. Тие се надеваат дека на овој остров ќе развијат туризам со тоа што ќе изградат луксузни вили со плажи и неколку хотели.

профимедиа

Селин Дион

Познатата пејачка во 2012 година беше сопственичка на остров во близина на Монтреал. Во склол на островот имало и дворец, но пејачката била принудена да го продаде поради високите трошоци. За островот таа инкасирала 30 милиони долари.

Леонардо Дикаприо

Познатиот актер купи остров во водите на Белизе за 1,75 милиони долари.

Еди Марфи

Актерот го поседува островот „Rooster Cay“ на Бахамите за кој во 2007 година искешира 15 милиони долари.

Џон Ленон

Музичарот, композитор и гитарист на мегапопуларните „Биталси“ го купил островот Дориниш во Ирска, а по неговата смрт сопругата го продала за 42.000 долари и парите ги донирала во дом.

профимедиа

Ким Кардашијан и Канје Вест

Популарниот пар на својата ќерка и поклонија остров вреден 5 милиони долари, а Ким планира да изгради приватен тематски парк.

Слични објави

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо

(Видео) Се породи пејачката на „Неверне бебе“, бендот ѝ честиташе: „Тоа се вика љубов, тоа сме ти и јас“

Е.А.
Се вчитува....