Доделувањето на наградата „Revolve“ се одржа овој викенд во Лос Анџелес, а на црвениот тепих прошетаа некои од најубавите жени во светот на манекенството и модата.
Вниманието го украде и манекенката Кара Дел Торо која се одлучи за фустан со многу длабоко деколте под кој не носеше градник.

Кара е модел на престижната агенција „Elite Models“, а снимаше кампања за „Guess“. На Инстаграм ја следат повеќе од милион луѓе.
Оваа американска убавица не сокрива дека многу се гордее со своите облини.