17:31 - 7 ноември, 2026

Што ќе гледаме на Евровизија, кои се изненадувањата: Еве ја програмата

Сè е подготвено за настапите на уметниците од 40-те земји натпреварувачки во Торино. На сцената ќе видиме тројца познати водители – Лаура Паусини, Алесандро Кателан и Мика се подготвени да ја пречекаат јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eurovision Song Contest (@eurovision)

Концептот на ова издание е „Звукот на убавината“ кој ги надминува националните граници за сè повеќе да ги прифаќа вредностите на универзалност и инклузивност, никогаш толку важни како во овој конкретен историски момент, заедно со желбата да се слави различноста преку музиката и да се обедини Европа на една сцена.

Што носи програмата? 

На првото полуфинале, на 10 мај, (наведени по ред) ќе настапат Албанија, Летонија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

„Танцот на убавината“ ќе биде претставен и на сцената на Пала Олимпико преку италијански танц со настапот на Дардуст, еден од најбараните уметнички продуценти во моментот, во придружба од диџеј-продуцентот Бени Бенаси и Sophie and The Giants. Гостин на вечерта ќе биде Диодато кој ќе ја интерпретира „Fai Rumore“, победничката песна на Санремо 2020 година.

Второто полуфинале, на 12 мај, ќе се отвори со специјален настап на Алесандро Кателан, а по него ќе натсапат претставниците на Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Македонија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

На крајот на вечерта, ќе се случи до сега невиден дует на двете интернационални ѕвезди Лаура Паусини и Мика.

Финалето, на 14 мај, ќе биде отворено со момент посветен на моќта на музиката – музиката е таа која го создава мирот, а на оваа вечер ќе настапат и претставниците на таканаречената голема петорка – Италија, Франција, Германија, Шпанија и Обединетото Кралство – кои директно ќе им се придружат на квалификуваните земји од двете полуфинални вечери.

Лаура Паусини ќе се присети на својата кариера преку комбинирани настапи од минатоо но и ќе заврши претставувајќи го нејзиниот најнов сингл.

Гости на вечерта ќе бидат Манескин кој ќе се вратат на евровизиската сцена по минатогодишниот триумф, претставувајќи го новиот сингл „Супермодел“ како светска ТВ премиера во живо.

А потоа уште едно големо враќање: првиот италијански уметник кој победи на Евросонг: Џиљола Чинвкети која ќе настапи со нејзината легендарна песна „Немам време“ (да те сакам).

Крајот е резервиран за специјален настап за Мика до прогласување на победникот.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....