14.8 C
Скопје
07:51 - 30 мај, 2026

(ВИДЕО) Живи будилници: Ги буделе луѓето со удирање со стап по прозорецот или со труба за да станат за на работа

Во времето на индустриската револуција во Велика Британија и Ирска имало луѓе кои заработувале будејќи ги луѓето наутро бидејќи будилниците во тоа време не биле толку прецизни, а на многумина не им биле достапни.

Тоа беа луѓе што со себе носеле палка или краток стап за да тропнат на вратата или на прозорецот на клиентот. Стаповите често биле направени од бамбус и многу долги, за да можат да стигнат до прозорците на повисоките катови. Во некои случаи, наводно биле користени стаповите за исклучување на гасните светилки кои биле дел од уличното осветлување.

Youtube

Работата најчесто ја извршувале постари мажи и жени, но забележено е дека и полицајците будејќи ги клиентите понекогаш успевале да заработат дополнителни пари за време на вообичаените утрински патроли. Некои од нив тропале додека не се уверат целосно дека клиентот се разбудил (барем додека не се појавил на прозорецот), иако во повеќето случаи било доволно да тропнат неколку пати на прозорецот и да продолжат понатаму. За тоа добивале по неколку пени неделно од своите клиенти.

Youtube

Според некои записи, последниот „жив будилник“ била г-ѓа Моли Мур, ќерка на г-ѓа Мери Смит, која исто така ја работела таа работа и служела како модел за сликовница посветена на таа професијата. Мајката и ќерката користеле посебна техника, односно не тропале по прозорците. Наместо тоа, имале долга гумена цевка со отвор, со која „гаѓале“ во прозорците на своите клиенти.

Youtube

Интересно е и тоа што рударите во малото гратче Ферихил, округот Дурам, на таблите од своите куќи пишувале со креда кога им почнуваат смените, за да можат „живите будилници“ да ги разбудат навреме. Тие плочи биле познати како распоред за будење.

 

Слични објави

Хороскоп за 30 мај: Скорпиите ќе бидат нервозни и ќе се караат, Лавовите ќе имаат убав љубовен живот

Еспресо

(Фото) Сексапилната Украинка можеби нема богата актерска кариера, но секогаш е ѕвезда на гламурозните настани

Т.Ц.

Соседите со пофални зборови за Лепа Брена: Со нож во рацете тргнала да ги заштити

Еспресо

Време е да се ставите себеси на прво место – викенд без обврски може да направи голема разлика

Т.Ц.

Турската продукција подготвува серија каква што досега не сме виделе и која ја продолжува традицијата на „Сулејман Величествениот“

Т.Ц.

Идеално место за вашата моминска вечер: Villa Diva не е само простор за изнајмување, туку сцена за доживување

Еспресо
Се вчитува....