05:39 - 29 ноември, 2026

„Секогаш ќе ми бидеш прво дете…“: Саша Ковачевиќ со емотивна објава покажа кој му е најважен на светот

Познатиот пејач Саша Ковачевиќ сподели емотивни моменти со ќерката на неговата партнерка Зорана, Искра.

Повод за ова е роденденот на малата Искра, а поради таа причина Саша напиша емотивна порака за девојчето изразувајќи ја својата љубов и гордост.

„Секогаш вака да си се смееме, да пееме и да си се сакаме, животче мое најубаво. Ти си моја гордост и најдобро девојче на светот. Путер мој, нека ти е најсреќен роденденот!“, напиша Ковачевиќ.


Овие нежни моменти настанале за време на едно нивно заедничко патување, а Саша истакнал дека му е важно да поминува време со семејството.
Според Ковачевиќ, Зорана е исклучително среќна што Искра и Саша имаат толку блиски односи. Ќерката ја доби доби со поранешното момче на Светлана Ражнатовиќ, Богдан Срејовиќ, а Саша ја прифати малата Искра за свое дете.

„Јас не сум нејзин биолошки татко, но ја нарекувам мое дете. И утре, кога ќе имам биолошко дете, Искра секогаш ќе ми биде прво дете“, изјави Саша покажувајќи ја својата посветеност и љубов кон девојчето.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....