04:14 - 9 ноември, 2026

Се ожени поранешниот претседател на Франција: Франсоа Оланд и Жули Гаје стапија во брак

Поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд, и неговата придружничка, актерката Жули Гаје, се венчаа дискретно во саботата во градското собрание на Тул, во Корез. Тие „се венчаа во приватен круг“, соопшти градското собрание кога ја објави веста за весникот „Ла Монтањ“, пренесува „МИА“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by François Hollande (@fhollande)


Градоначалникот на Корез, Бернар Комб, ја водеше свечената церемонија за неговиот пријател Франсоа Оланд, кого го наследи на чело на општината во 2008 година. Ова е прв брак на Франсоа Оланд (67), татко на четири деца, кои ги има со својата поранешна партнерка Сеголен Ројал.

Жули Гаје, е разведена во 2006 година, мајка е на две момчиња, а својот 50-ти роденден го прослави еден ден претходно, на 3 јуни, во Тул.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Globe Échos (@globeechosofficiel)


Двојката, чија врска беше откриена во 2014 година од страна на списанието Клозер, кога Оланд се уште беше претседател на Франција, во 2018 година купи куќа во ридовите на Тул. Во изминатите неколку недели, тој имаше повеќе посети во департманот Корез, особено за да ги поддржи дисидентските социјалистички кандидати за парламентарните избори. (МИА)

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....