08:30 - 29 јануари, 2026

Принцезата е бремена, цела палата слави – Кралицата Елизабета ќе добие уште едно правнуче

Правнуката на кралицата Елизабета, Зара има веќе две девојчиња, а поради спонтаните абортуси за кои и јавно говореше, бременоста во 39-та година уште повеќе и значи.

Зара Тиндал, правнуката на британската кралица Елизабета го очекува третото бебе.

Зара е ќерка на принцезата Ана, (ќерката на кралицата Елизабета) и Марк Филипс и оваа среќна вест ја откри во подкастот „The Good, The Bad & The Rugby” во кое учествуваше како гостинка.

„Ова беше добра недела. Бев на ултразвук. Третото бебе Тиндал е на пат!“, изјави пресреќната принцеза Зара.

Фото: EPA / Malcolm Clarke

Зара и 42-годишниот сопруг Марк, поранешен професионален играч на рагби, веќе имаат две девојчиња, 6-годишната Миа Грејс и 2-годишната Лена Елизабет, а во брак се од 2011 година.

Зара веќе неколку пати зборуваше за проблематичните бремености и двата спонтани абортуси кои ги преживеа, поради кои веста за бременоста во 39-та година за неа е многу значајна.

Две трудници во семејството

Нивното бебе ќе биде во добро друштво бидејќи во кралското семејство во 2021 година пристигнува уште едно дете. Принцезата Евгенија, ќерката на принцот Ендру и Сара Фергусон, со сопругот Џек Бруксбенк неодамна исто така објави дека е бремена.

Слични објави

Дневен хороскоп за 29 јануари: Не брзајте со одлуките

apostolova

Прво огласување на Николија и Реља по шпекулациите за неверството на пејачот: Познатиот пар никогаш не бил поискрен за својот однос!

Еспресо

Бресквица откри зошто нема потреба од обезбедување: „Тие ме научија како да се однесувам“

E.A.

(Видео) Зошто Данијела Димитровска носела марама на главата во текот на целата венчавка? 

Еспресо

(Фото) Да се растопиш од милина: Прва фотографија на Огњен Амиџиќ со новородената ќерка

Еспресо

„Не ме интересира ништо на таа тема“: Се огласи Харис Џиновиќ откако Мелина беше фотографирана со новиот 70-годишен вереник

E.A.
Се вчитува....