Светскиот топ модел и познатата бразилска убавица Алесандра Амброзио жешките денови ги поминува во Грција, а своите фанови ги израдува со нови слики на Инстаграм.
Таа на оваа социјална мрежа сподели неверојатни глетки од прекрасниот остров Санторини.
Оваа убавица често летува на егзотични дестинации, од каде секогаш не радува со жешки фотографии.
Така беше и сега. Манекенката на својот профил на Инстаграм објави прекрасни фотографии од овој магичен остров и ги воодушеви фановите со своето совршено „лиено“ тело.
Инаку, љубовниот живот на оваа убавица подеднакво ја интересира јавноста, покрај информациите за тоа каде e и што прави.
Имено, по десет години врска со милионерот Џејми Мазиро, поранешниот модел на куќата „Victoria’s Secret“ утехата ја пронајде во италијанскиот модел и дизајнер.
Бидејќи Алесандра од јавноста долго криеше дека се разведува, во март минатата година се одлучи да ја обелодени таа информација, а набрзо после тоа, во животот на Алесандра влезе Николо Оди.