9.8 C
Скопје
12:38 - 31 март, 2026

Познат евровизиски коментатор прогнозира ГОЛЕМ УСПЕХ за Тамара на Евровизија

Вечерва во Тел Авив, Израел, се одржува финалната вечер на Евровизија 2019, а под реден број 8 настапува нашата претставниичка Тамара Тодевска.

Веќе е познато дека нашата моќна балада привлекува сè повеќе внимание кај евровизиските фанови, но и кај целата европска публика. Пласманот на Македонија во финалето ги подгрева и прогнозите дека Тамара добро ќе котира и во конечната табела.

Така мисли и долгогодишниот коментатор на Евровизија, Грахам Нортон, кој пренесува за „Би би си“ дека Македонија оваа година испрати „голема балканска БАЛАДА“. Своето мислење, заедно со инсерт од настапот, тој го објави на профилот на Твитер на „Би би си“.

Потсетуваме, Македонија неколку години не се пласираше во финалето на Евровизија. Всушност, прва која не се пласираше беше токму Тамара Тодевска, заедно со Врчак и Адријан Гаџа во 2008 година. Оттогаш, па до сега, единствено Калиопи успеа да влезе во финалето во 2012 година во Азербејџан со песната „Црно и бело“.

За својот пласман, првичната реакција на Тамара беше дека „клетвата е конечно скршена“ и дека следуваат успешни настапи и резултати на Македоноја на Евровизија.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....