17:33 - 8 ноември, 2026

Почина Рубин Кантарџиоски – Кантар, вокал на „V.I.S. VOX“: Соработуваше со Мизар и остави трага на македонската сцена со својот бенд

Неговиот фантастичен глас вокал беше препознатлив печат на песните на „V.I.S. VOX. Групата беше особено активна на рок сцената во 80 – те и 90 – те години.

Рубин Кантар остави трага на македонската сцена со својот бенд од 90-те години Don’t!Who!One! Рубин соработуваше и со Мизар на концерти низ регионот. Со VI.S. VOX ги сними албумите „Песни што од секогаш сте сакале да ги слушнете а не сте имале каде“ ( 2012) и „Теодорова сабота“ ( 2022).

„Со жалење соопштуваме дека нашиот вокален солист Рубин Кантарџиоски – Кантар ненадејно почина во Прилеп“ –  напишаа членовите  од бендот на нивната официјална фејсбук – страна.

Деновиве се планираше промоција на песната „Тагоре“ со стихови од Рабиндранат Тагоре. „Кој си ти читателе, кој по едно столетие ќе ги имаш моите песни. Јас не можам да ти испратам ниту еден цвет од ова пролетно богатство. Во радоста на своето срце да почувствуваш Жива радост што пееше во едно пролетно утро. Испраќајќи го својот весел глас. Преку стотина лета.“ –  напиша членови од бендот

Слични објави

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.
Се вчитува....