03:39 - 2 ноември, 2026

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Овогодинешното учество на Израел на Евровизија предизвика бурни реакции поради војната во Газа, па дури доведе до бројни протести во Малме, Шведска. Седум месеци подоцна, на Израел му се заканува елиминација од натпреварувањето.

Можно е да не видиме израелски претставници на Евровизија следната година поради новиот предлог-закон на израелската влада, пишува шведскиот портал „Афотнбладет“ (Aftonbladet). Министерот за комуникации Шломо Кархи поднесе предлог-закон до Кнесетот, израелскиот парламент, за приватизација на телевизиската компанија КАН.

Доколку тој предлог биде прифатен, Израел повеќе нема да биде дел од Европската радиодифузна унија, а со тоа и од Изборот за песна на Евровизија, изјавија од ЕБУ за „Џерусалим пост“ (Jerusalem Post).

Партиите во Кнесетот го поддржаа предлогот, а на првото гласање што се одржа на 27 ноември гласаа за приватизација. Конечното гласање треба да се одржи на почетокот на јануари.

Кархи нема да ја коментира изјавата на ЕБУ дека Израел ќе биде исфрлен од натпреварувањето доколку неговиот предлог биде прифатен.

Вработените во телевизиската куќа не се согласуваат со овој предлог, а уредникот Еран Цикурел ситуацијата ја опиша како „автогол“ во време кога многумина сигурно сакаат да го исклучат Израел од натпреварот поради војната во Газа.

– Цела година нашите непријатели се обидуваат да му го откажат правото на Израел да учествува на Евровизија. Но, Кархи сега ја работи таа работа за нив, нè турка надвор од Евровизија – изјави уредникот.

Израел се натпреварува на Евровизија од 1973 година, а победија четири пати – во 1978, 1979, 1998 и 2018 година. Интересно е што никогаш не завршиле на последното место.

Минатата година Израел го претставуваше Еден Голан со песната „Ураган“, кој во финалето заврши на петтото место со 375 поени. Таа доби 52 поени од стручното жири, додека од публиката освои 323 поени.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....