02:27 - 11 април, 2026

 „Ова мириса на саботажа“: Сосема погрешен превод на песната на Констракта предизвика хаос – горат социјалните мрежи 

Во синоќешното емитување на второто полуфинале на Евровизија на „Youtube“, се случија низа грешки кога е во прашање преводот на српската песна „In corpore sano“ на англиски јазик.

Имено, оние кои кои на „Youtube“ ја вклучиле опцијата за преводи на српски јазик, можеле да забележат огромни грешки во преводот од српски на англиски јазик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta


Латинскиот некако помина. Меѓутоа, со српскиот очигледно беше малку потешко. Поднасловот на рефренот се појави како: „ Artists must be healthy“, но се останато беше доста дискутабилно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta


Веќе почетокот, познатото: „Koja li je tajna zdrave kose Megan Markl, koja li je tajna?“ беше преведен како: „ Plenty of time” проследено со бесмислени реченици како: „Time with on your ear“, „ I’m gonna cost even more time“ и слично.

Фото: Принтскрин / Instagram

Социјалните мрежи веднаш блеснаа поради овој голем пропуст, особено ако се земе предвид дека голем број луѓе ја следеа Евровизија токму преку Youtube. „Ова мириса на саботажа“, „нечуено, каква грешка“, „нормални ли се, каков превод е ова?“… се само дел од пораките под официјалното видео од второто полуфинале на овој сајт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

Во меѓувреме, опцијата за титл е оневозможена на преносот во живо, па сега може да се види само официјалниот превод, кој можеше да се види и во преносот во живо на телевизија.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....