12.8 C
Скопје
09:17 - 28 септември, 2026

Мајка ми зимаше плата 300 евра, а плаќаше рата за кредит 150 за јас да можам да се школувам: Исповед на познатата балерина

Голема жртва направила мајката на нашата позната балерина, Стефанија Гаштарска, за таа да може да си го оствари својот сон и да замине да се школува, а потоа и да работи во Русија.

-За јас да отидам во Русија, мајка ми требаше да земе кредит. Мајка ми имаше тогаш плата 300 евра. Требаше да земе кредит од 10.000 евра, ратата ѝ беше 150 евра, и за живот остануваа 150 евра, со тоа што јас имам и помал брат.

Мајка ми беше самохрана мајка. Сето тоа беше многу тешко. Мајка ми не можела да спие, и сум ја гледала како плаче. Дали ќе можам тоа за своето дете да го направам што таа го направила за мене?

Фото / Инстаграм

Знаев што се случува, кои жртви се прават за мене. Три живота да се враќам да ги живеам нема да можам да ѝ возвратам за тоа- рече младата балерина во подкастот „Ресет чат“ со Нина Ред.

Стефанија Гаштарска беше солистка во Пермскиот академски театар во Русија. Се занимава со балет од девет години, почнувајќи во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во класата на Дафина Данилоска-Кочевска.

На 15 години продолжила да учи во Државното училиште во Перм, една од најстарите балетски школи за класичен балет во Русија. Образованието го продолжила на Академијата за балет на Бољшој, каде што во голема конкуренција дипломирала со високи оценки како единствена балерина од странство во руска класа и единствена од странска земја која влегла во театарот Бољшој на 18 години.

Слични објави

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо

(Видео) Песна на Весна Змијанац крие голема трагедија — вистинската приказна зад еден од нејзините најголеми хитови

Еспресо

Алка Вуица призна дека била љубовница: „Понижувачки е за една жена, мислите дека ќе излезете неповредени, но не можете“

Еспресо

(Фото) Цеце Николова покажа како ја одржува одличната форма: „Затоа сум толку радосна“

Еспресо

Кога срцето ја гледа вистината што сака да ја види: Полната Месечина во Овен носи судир меѓу желбата и реалноста

Т.Ц.

(Фото+видео) 11 бањи, 8 спални соби, кино, базен… Ѕирнете во импозантната вила на српската тенисерка Јелена Јанковиќ вредна 13,5 милиони долари!

Еспресо
Се вчитува....