13.8 C
Скопје
11:31 - 18 октомври, 2026

(Видео) Весна Змијанац ја придржуваат додека оди, првпат во јавност по интервенцијата: „Не го почитувам она што ми го кажуваат лекарите“

Познатата српска пејачка Весна Змијанац (68) се појавила јавно за првпат синоќа откако ѝ беа вградени 3 стентови. Таа беше пуштена од болница на 15 декември, а синоќа имала настап во Скадарлија во Белград.

Пејачката ја придржувале додека пристигнувала во локалот каде што требало да пее, а потоа за српски „Блиц“ открила како се чувствува:

– Добро сум, добро, имав операција на срце пред 3 години, но мора редовно да се оди на контроли. Секој пат кога одам на контрола, тие мислат дека повторно сум се оперирала, но всушност не е ништо страшно. Докторот ми вели дека не смеам да пушам, да работам, да јадам, да мислам… а јас не почитувам ништо од тоа.

– Годината беше работна. Јас не можам да мирувам, можам да го правам тоа 7 дена, но потоа не знам што да правам со себе. Ги сакам луѓето, сакам да бидам во фужва, не можам да се смирам – рекла Весна и открила како ги поминува празниците, но и дали ќе ги покани Николија и Реља на својот концерт во Арената во Белград.

– Празниците нема да бидат работни, Божиќ го поминувам со моето семејство. Николија знае како да подготви сè, не ме надминала, но е тука. Додека ми е добро здравјето, сè друго ќе биде лесно. Не сум разговарала со Николија за тоа да биде мој гостин на концертот, но сите ќе бидат таму. Ќе го повикам Реља, знам дека тој не сака, но ќе биде повикан – открила пејачката и додала:

– Мојата музика е сè уште најмодерна, мојата публика е од 7 до 77, така што немам проблем. Оваа година мора да биде Арена, па Зетра – рекла Весна и открила:

– Зорица Марковиќ постојано ме прашува кога ќе подготвувам сатараш. Тоа е најчесто е во лето – открила пејачката.

 

Слични објави

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо
Се вчитува....