09:43 - 29 ноември, 2026

Огњен Амиџиќ: „Никогаш нема да прифатам дека Маринко веќе не е тука“

Огњен Амиџиќ секојдневно зборува за Маринко Маџгаљ, кој почина пред девет години, и не се помирува со загубата.

Познато е колку беа блиски, колку се ценија и почитуваа, заедно го формираа бендот „Фламигоси“ кој стана еден од најпопуларните во регионот пред речиси две децении.

Гостувајќи кај Весна Милановиќ, откри дека има големи планови со кои на некој начин ќе го оживее ликот и делото на прерано починатиот актер.

– Едноставно, го гледаш неговиот гроб и продолжуваш да зборуваш како да е жив. Нема шанси, никогаш нема да сватам, сè уште ми е снимен во телефон. И кога барам нешто под „М“, ми се појавува тој.

– Видов некој тип, возеше веспа и носеше кацига, долга коса, ист како него. Напишав песна што звучи како „Фламигоси“ на почетокот. Имам идеја со помош на вештачка интелигенција да го оживеам неговиот глас, се разбира со дозвола од семејството. Ако успеам, би сакал да ја издадам песната како омаж, како украден момент како да е сè во ред.

Вистинските пријателства се бесмртни, а тоа го покажува односот на Огњен кон Маринко, кој почина на 38 години од тешка и неизлечива болест.

Да потсетиме, Маџгаљ почина на 26 март 2016 година, зад себе остави ќерка Сара од бракот со Дубравка Мијатовиќ.

Слични објави

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.
Се вчитува....