13:49 - 27 ноември, 2026

ОФИЦИЈАЛНО – РАСКИНАА ЦЕЦА И БОГДАН: Дали згасна страста или причината е трето лице?

Фолк – ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ решиле да стават крај на емотивната врска, по една година врска, дознава „Блиц“. Иако се изгледаше идилично, а фановите на пејачката веруваа дека Цеца си најде партнер „доживотно“, некои работи се променија и нивната љубов не преживеа.


Имено, кон средината на јануари минатата година во јавноста протече веста дека балканската музичка ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ и познатиот белградски угостител Богдан Срејовиќ се во љубовна врска. Оваа врска започна непосредно пред веста да стигне до медиумите, но поради честите заеднички појавувања со пријателите низ градот, станала забележлива и брзо им стана позната на претставниците на седмата сила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Svetski Radio (@svetskiradio)


Како што дознава „Блиц“, претходниот период Светлана и Богдан поминувале многу време заедно, а одредени моменти од својата љубовна приказна покажале на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Srejovic (@bogdansrejovic)


Врската на парот во очите на јавноста изгледаше хармонично, а и семејствата на Цеца и Богдан се зближија за рекорден период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


Цеца и Богдан не сакаа премногу да кометираат за прекинот на врската, но единствено што сакаа е да ги потврдат овие наводи:

„Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот“.

Очигледно имало разлики, а Цеца и Богдан не ги надминале сите предизвици кои биле пред нив, па оваа љубовна приказна станала само спомен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)


Раскинувањето не било бурно, ниту пак трето лице лице било причината за крај на романсата, едноставно емоциите исчезнале.

Цеца и Богдан и понатаму се следат на социјалните мрежи, како и Срејовиќ со членовите на  семејство на пејачката.

Слични објави

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.
Се вчитува....