9.8 C
Скопје
22:21 - 17 октомври, 2026

Николче Тасев го промовираше албумот „Ѕвездо моја“!

Фолк пејачот Николче Тасев го промовираше својот деби албум „Ѕвездо моја“. Изданието содржи 9 песни, а на шест од нив музиката и текстот ги напиша Тони Биоритам.

Аранжманите се дело на Славко Ристески. Темите се снимени во студиото ,,Просаунд,, во Прилеп.

–    Со музика почнав да се занимавам на пет годишна возраст. Прво почнав да свирам на мала тарабука, а по неколку години и на сет тапани и мала хармоника. Кога почнав да учам во средното музичко училиште, почнав да свирам на клавијатури. Често го слушав мојот татко дома кога свири на хармоника, или кога вежбаше со неговата група. Тогаш сфатив дека музиката ќе биде дел од мојот живот – открива Николче.

Дел од авторскиот тим се и Миле Барбаровски, Огнен Неделковски и Љупчо Соколовски. Групата ,,Генерација 2,, ја потпишува темата  посветена на Манастирот Воскресение Христово.

–    Во 2013 година почнав да свирам во група со мојот татко Тоше. Ја нарековме ,,Генерација 2,, бидејќи е продолжение на првата група на татко ми ,, Бенд генерација,, која опстојуваше околу 14 години.

Се решив за фолк музиката затоа што таа  е изворно и исконско што тече во нашата крв. Таа е аманет од нашите прадедовци. Препознатливи сме на Балканот баш по фолк музиката што ја гали нашата душа – вели Николче.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....