18.8 C
Скопје
13:44 - 26 април, 2024

Никол Кидман раскажа за своето несреќно минато и признава како сопругот и децата ја спасиле од осаменост

Instagram

Австралиската актерска икона Никол Кидман повторно на насловнa странa на еден познат магазин. Уредничкиот одбор на списанието Гламур ја избра за својот ноемвриски број, а по тој повод 53-годишната актерка си ја отвори душата како никогаш порано.

Instagram
Instagram

Иако досега беше позната по тоа што ретко ги изразува своите емоции и создаде впечаток на многу студена личност во јавноста, особено поради некои од нејзините телевизиски и филмски улоги низ годините, Никол Кидман сега им докажа на сите колку е навистина ранлива и чувствителна. Дека и таа е направена од „крв и месо“, потврди во новото интервју за списанието Гламур.

Познатата австралиска актерка овој пат ја запозна јавноста со своите проблеми од минатото, кои, како што вели, успеала да ги надмине само кога го запознала сегашниот сопруг Кит Урбан. Таа објасни дека со години и било тешко да најде рамнотежа помеѓу кариерата и приватниот живот, дека тешко се справувала со одвојување на емоциите од индивидуалните улоги.

Сето тоа може да биде многу токсично. Долго време учев дисциплина и се обидував психички да издржам сè. Морав да научам како да се заштитам од надворешниот свет додека се подготвував за некоја улога. Сепак, треба да се најде рамнотежа во сето ова, бидејќи во спротивно, човек не би го издржал тоа и не би завршил добро, рече таа.

Instagram
Instagram

Меѓу другото, таа призна дека со години била исклучително осамена.

Велат дека осаменоста е тивок убиец. Не го кажуваат тоа без причина. Верувај ми, тоа предизвикува многу внатрешна болка и тежина. Осаменоста е епидемија, рече таа, а потоа додаде дека имала навистина среќа да се сретне со човекот на нејзиниот живот пред 14 години. Музичарот Кит Урбан ја израдува на сите полиња и поради него сфати што е вистинска љубов

Instagram
Instagram

Особено е важно во тешките моменти да имате некој да дојде и да ве утеши кога е тешко. Пресреќна сум што имам таква личност покрај себе, на која секогаш можам да се потпрам. Кит е прекрасен сопруг и јас сум исклучително среќна што го имам, рече Кидман, заклучувајќи дека во моментов најмногу жали за луѓето кои се осамени. Покрај сопругот, познатата актерка особено ја исполнува и нејзината улога како. Никол е мајка на 12-годишната Сандеј и 9-годишната Фејт.

Мајчинството е нешто што особено ме радува. Безусловна љубов и грижа, без да очекувате никаква благодарност или возвратен подарок. Тоа е нешто што не може да се опише, рече таа.








Слични објави

Не е добра ситуацијата: Плановите за погреб на кралот Чарлс Трети постојано се ажурираат

еспресо

(Фото) Раста има посебен гостин во болница: Не сака да се експонира

еспресо

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо
Се вчитува....