14.8 C
Скопје
21:06 - 28 септември, 2026

Неда Украден ја откри тајната на својот беспрекорен изглед: Убаво е да имаш дизајнерски парчиња, тие имиња не се случајни

Неда Украден со децении важи за една од најдобро стилски уредените пејачки, која никогаш не направила модна грешка, и на тоа денес е горда.

За разлика од многу јавни личности кои уживаат во купување брендирана облека, Украден тврди дека за неа не е најважен брендот при изборот на моделот, за што зборуваше во емисијата „Гранд специјал“.

– Јас секогаш се облекував убаво, тоа е моја карактерна особина. Дури и да не бев пејачка, би било исто. Имавме една прекрасна шнајдерка во Сараево која ми шиеше ексклузивни модели. Тогаш немаше ниту многу бутици, ниту многу креатори, а јас не бев ни од оние „платежно моќни“. Што и да беше, се трудев моделот да не ме носи мене, туку јас него. Тој модел не смее да ми биде на градите, Луј Витон, мора јас да бидам Луј Витон – објаснува пејачката, која при изборот на еден моден предмет секогаш води сметка за квалитетот.

– Не сум роб на тоа, но убаво е да имаш дизајнерски парчиња, затоа што тие имиња не се случајни. Секако, се плаќа и за суета и за глупост, но јас сакам убави чевли – тука не смее да се штеди, затоа што на сцената сме по неколку часа. Мора да биде кожа, нешто што нема да ти ги повреди нозете.

Таа се присети и на својот прв влез во продавница на еден светски познат бренд, кој го обожаваат многу музички ѕвезди.

– Се сеќавам на својот прв влез во Луј Витон во Париз, и видов дека нема ниту три луѓе, се прашував како нема гужва, но секој продавач има свој „муштерија“. Нема сто луѓе кои шетаат, туку ти си тука како господин купувач. Тоа се убави моменти, тоа секој го сака – раскажува во емисијата „Гранд специјал“.

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ во фустан од 500 евра ги остави сите без здив!

Еспресо

По раскинувањето, Ана Николиќ и Рале се смирија, а се појавија и детали за нивниот договор

Еспресо

„Селски приказни, јас сум машинерија“: Дара Бубамара откри што мислат за неа родителите на нејзиното помладо момче 

Еспресо

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо
Се вчитува....