03:06 - 20 април, 2026

Не се грижи за стилската умереност: Eкстравагантната Летиција ги урива модните кралски правила (ФОТО)

Стилот на шпанската кралица Летиција отскокнуваше уште кога почна да се појавува меѓу претставниците на благородничките семејства, но сега се искачи на многу повисоко и поупадливо ниво.

Нејзините појавувања на официјалните настани секогаш поминуваа забележани, пред сè бидејќи Летиција е убава жена и нејзината заносна појава е тешко да не се забележи, а исто така и поради тоа што со својот стил скоро секогаш се издвојува.

Иако секогаш префинета и максимално женствена, пред неколку дена беше критикувана поради модните избори од страна на странските медиуми, бидејќи, како што пишуваат, нејзиниот стајлинг бил премногу екстравагантен не само во однос на пригодата, туку првенствено по прашањето на улогата која Летиција ја поседува, а тоа е онаа кралската.

Profimedia

Во историјата на појавување на жените со висок кралски чин, а во овој случај највиоск, не се случило една кралица на свечен настан на кој е почесен гостин да се појави практично со гол грб со екстравагантни модни детали на тоалетата, како што во овој случај беа перјата.

Instagram

Покрај тоа, стајлингот беше заокружен со црни елегантни панталони кои ја следат линијата на телото и црни потпетици.

Веднаш по овие критики, кралицата Летиција повторно преизвика бура во Токио за време на инаугурацијата на царот Нарухито.

Profimedia

 

Нејзиниот макси цветен фустан кого го потпишува Матилде Кано беше апсолутно во центарот на вниманието на сите модни медиуми.

Шпанската принцеза изгледа веќе не се грижи за стилската умереност која се подразбира во кралскиот правилник за облекување.

Погледнете и некои од нејзините претходни појавувања во јавност.

Profimedia
Profimedia
Profimedia

Слични објави

(Фото) Славење во домот на Неда Украден: „Ти си моето најголемо богатство“

Еспресо

Кој е мистериозниот „Џан“? Фановите убедени дека Карлеуша е во врска со турскиот заводник

Еспресо

(Видео) „Чукај, чукај“ во ново руво – Антониа Гиговска и Благица Павловска ја објавија дуетската песна!

Еспресо

Детали за инцидентот – Сопругата на Марко Булат викала во станот, полицијата реагирала по повик од сопругот

Еспресо

Сопругата на познат српски пејач задржана во полиција, направила хаос во раните утрински часови

Еспресо

Кога сè постигнува? Јаков Јозиновиќ е успешен млад пејач, но и студира тежок факултет

Еспресо
Се вчитува....