10:29 - 7 ноември, 2026

Милица Тодоровиќ по прележената корона: Моите колеги имаат настапи, јас нема да го сторам тоа за ниедни пари на светот!

Познатата српска пејачка Милица Тодоровиќ (30) во јули годинава прележа ковид-19 и тоа во друштво со својата цимерка и колешка Славица Ќуктераш (35).

И двете пејачки тешко го прележаа вирусот, со редовни посети на ковид-болницата, каде што примаа терапија бидејќи имаа наод на белите дробови.

Фото: Инстаграм

А три недели по прележувањето на вирусот што целиот свет го затвори во карантин, и двете пејачки повторно се разболеа како последива на ослабениот имунитет. Славица доби гнојна ангина, а Милица се жалеше на болки во мускулите.

Токму затоа Милица ги одложи сите настапи и веќе не настапува.

– Ги откажав сите понуди. Прележав корона и знам какво е чусвтвото, не сакам да ризикува за никакви пари на светов. Има колеги што настапуваат и јас им се восхитувам бидејќи сопственото здравје го ставаат на рулет. Секогаш велат дека ќе имаме за леб. Нема да умреме од глад – изјави пејачката за српскиот портал „Ало.рс“.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....