Кога сте член на кралското семејство, тогаш во вашиот живот многу се разликува од животот на обичните смртници.
Освен посебните правила за однесување и необичните традиции, тука е и строгиот дрес-код кој војвотките Кејт Мидлтон и Меган Маркл многу често го прекршуваат, но на умерен начин.
Овој пат тоа го направи Меган со комбинацијата во која, откако стана член на кралското семејство, не ја гледаме речиси никогаш.
По повод отворањето на една слаткарница војвотката облече тексас пантолони со слим крој, кошула со сини линии и класични бели патики. Таа на себе стави дури и престилка.
Косата и беше брановидна, а целокупниот изглед го заокружи со кафен ремен и капут кој на почетокот го носеше обично префрлен преку рамото.