19.8 C
Скопје
18:50 - 28 септември, 2026

„Ме нарекуваа Гонзо!“: Илина Арсова проговори за траумите од врсничкото насилство

Илина Арсова, позната по своите искачувања на врвовите ширум светот, по нејзината уметност и залагањето за здрава животна средина, на социјалните мрежи откри лична приказна од своето детство, која сведочи за болката од врсничкото насилство во училишните денови.

Иако денес ја доживуваме како симбол на сила, истрајност и инспирација, Арсова се присети на момент од нејзините училишни денови кога била предмет на потсмев од соучениците, кои ја споредувале со ликот Гонзо од „Мапет шоу“.

Во продолжение, прочитајте ја нејзината исповед:

„Мојата генерација во основно школо растеше со ‘Мапет шоу’. Па едно време дојде ред да си поделиме улоги во одделението, на шега нели, и мене ми се падна Гонзо. Е сега не дека Гонзо не беше симпатичен (без разлика на родова идентификација), ама имаше изразито голем нос и некако наметната негативна конотација.

Таа мала школска шега прерасна во некоја длабока тага и незадоволство што тој ден си ги понесов дома. Соучениците ако го приметеа моето незадоволство уште поупорно ќе ме завикаа Гонзо. Тогаш бев ситна и срамежлива и не умеев да најдам механизам како да се справам со тој детски и можеби ненамерен булинг на кој во различни форми бев изложена уште од забавиште.

Еден ден татко ми се врати од пат и ми ја донесе оваа мини маскота од Гонзо. Моите родители ме подучија дека тој е фантастично суштество со некои карактеристики налик на мравојад, кој инаку не би можел да опстане без специфичниот нос. Во ред, супер е сето тоа, учев за перфекција на природата и неперфектноста на човекот. но требаше да се соочам со децата на училиште.

Татко ми предложи да го прифатам предизвикот и да се идентификувам со карактерот на Гонзо бидејќи така ќе го оттргнам нивното внимание и спонтани навреди. Тоа ми звучеше како ептен глупава идеја, но сепак почнав да ја носам кукличката со мене на час, оставајќи ја како обележје на клупата каде што седам. За кратко време закачите поминаа или преминаа на друг кој исто така беше етикетирани со туѓ идентитет не по сопствена волја.

Пораката од оваа приказна е подолга и се провлекува длабоко низ животот. Вакви и слични ситуации можат да ја разнишаат нашата самодоверба и да не натрупаат со негативни емоции кои ги тегнеме низ животот. Срам, страв, несигурност, вина… не сме доволно паметни, доволно убави, доволно упорни…

Кукличката од Гонзо е сè уште во нашиот дом, а приказнава ја споделувам за да нè потсети кои сме и што сме, надвор од етикетите и перцепцијата на другите. Ви посакувам убав ден, убави луѓе“, пишува Арсова на својот фејсбук-профил.

Слични објави

(Фото) Кој е новиот дечко на Ела Дворник? Покажа дел од него по долго време

Еспресо

„Сите ме прашуваат дали бил заљубен во Силвана“ – Вдовицата на Тома Здравковиќ разби еден од најголемите митови за неговиот живот

Т.Ц.

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо
Се вчитува....