15.7 C
Скопје
19:19 - 19 октомври, 2026

„Мажот прво треба да ја сака жената, а потоа детето“ : Јована Јеремиќ со ставови што ја поделија јавноста

Познатата српска водителка Јована Јеремиќ повторно предизвика бурни реакции на социјалните мрежи со своите размислувања за љубовта, бракот и родителството.

На својот Инстаграм таа објави серија стории во кои ги сподели своите ставови за семејните односи и приоритетите во еден брак.

„Никогаш не градете живот со маж на кој детето му е поважно од сопругата. Тој мора прво и најмногу да ја сака својата жена, а потоа детето — само така постои среќно семејство,“ напиша Јеремиќ.

Во продолжение, таа истакна дека детето не треба да биде темелот на врската, туку плод на љубовта меѓу двајцата партнери:

„Детето е плод на љубовта, а не основа на односот. Без дете може, но без партнерство – не постои здрав брак.“

Водителката откри и лична приказна од минатото, потсетувајќи се на разговор со својот прв сопруг, Војислав Милошевиќ:

„Кога бевме во врска, ми рече дека сака да му бидам жена. Му одговорив дека не сум сигурна дали можам да имам деца, а тој ми рече: ’Ни сто деца не можат тебе да ми те заменат. Јас те сакам тебе — со или без дете.‘ Сè ви е јасно.“

Во завршните пораки, Јована се осврна и на жените кои тврдат дека им е доволно да имаат дете, без партнер:

„Не припаѓам на ’кланот‘ на жени кои мислат дека им е доволно да имаат дете и дека маж не им треба. Таквите жени се тешат, бидејќи имаат психички проблеми во комбинација со егоизам и неспособност за заедништво. Жената секогаш треба да има маж — па макар и петти по ред.“

Таа го заокружи излагањето со коментар:

„Сè друго е измислено од жени кои не умеат да создадат и одржат заедница. Егоизам. Саможивост. Хировитост.“

Слични објави

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо
Се вчитува....