19.8 C
Скопје
02:29 - 9 септември, 2026

Лепа Лукиќ откри кому ќе го остави големото наследство: Треба да се исполни важен услов!

Лепа Лукиќ неодамна откри дека напишала тестамент и дека сето богатство што го стекнала во текот на својата 50-годишна кариера ќе му го остави на својот внук Радисав — но под еден услов.

Внукот ќе го наследи ресторанот, двата стана, куќата и целата нејзина заштеда, но само ако се грижи за мачката Маза.

„Напишав тестамент во кој наведов дека мојот внук мора да се грижи за мачката ако јас заминам пред неа. Радисав треба да ја чува Маза, да ја пази и маази, и ќе го наследи сето она што сум го стекнала во животот. Сето тоа стои во документот што го чува мојот адвокат“, изјави Лепа и додаде дека е многу приврзана за мачката што ја вдоми пред девет години.

„Таа е чудо од мачка, ја доживувам како свое дете. Затоа морав да се погрижам да знам дека ќе ѝ биде добро кога јас ќе одам на оној свет. Од 2011 година живееме заедно како мајка и ќерка – раскажа пејачката за „Информер“ и истакна дека со Маза разговара како со човек.

„Многу е паметна, па дури и попаметна од мене! Никогаш не се качила на масата додека јадам, како што тоа го прават другите мачки. Има свои гранули, и кога ќе каже: „Мјаууу“, јас ја прашувам: „Сине, кажи ми што сакаш, кажи му на мајка што посакуваш?“ Потоа заедно одиме до местото каде што ѝ стои садот со храна, и јас ѝ ставам гранули. Кога ќе се најаде, одиме во спалната соба, го гасам светлото, а таа се качува на креветот и ме чека да легнеме заедно. Да живеев сама, ќе полудев! Со Маза никогаш не сум сама“

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Надежда Билјиќ го победи ракот, нејзиниот сопруг Тома ја потврди среќната вест

E.A.

Астрологијата ви помага да го изберете идеалниот партнер – Откријте во кој хороскопски знак е вашата сродна душа

Еспресо

Шок-пресврт — Џина Џиновиќ ја напушти Мелина и тропна на вратата кај Харис

E.A.

„Сите сме тотално луди“: Лепа Брена се огласи по виралното видео на кое ѝ го грабна микрофонот на Џејла

E.A.

Кнез направи одлична атмосфера на големата прослава по повод раѓањето на внуката

E.A.
Се вчитува....