15:12 - 29 ноември, 2026

Марко и Луна ќе го тужат Дедо Мраз: „Тргни ги сликите од нашите деца“

Поранешните учесници во реалните шоуа Марко Миљковиќ и Луна Ѓогани уживаат во бракот, а круна на нивната љубов, дефинитивно, се нивните ќерки Миа и Лана.

Бидејќи нивниот живот се следи под будното око на јавноста, тие не сакаат никој да објавува фотографии од нивните деца.

Имено, Марко на својот инстаграм-профил објави писмо во кое го предупредува Дедо Мраз да не објавува слики од неговите ќерки. Но, тој не добил одговор, па морал да реагира, а се заканил дека ќе поднесе тужба.

„Поздрав Дедо Мраз, само да знаеш дека не дозволуваме никој друг, освен нас, да објавува слики од нашите деца, се надевам дека не разбираш, тоа е правилото за сите… Со почит“, напиша Миљковиќ, а откако тој не доби одговор тој додаде:

„Уште еднаш ви испраќам порака да ве замолам да ја отстраните сликата без да ги замаглувате лицата на нашите ќерки, следниот пат случајот ќе го проследам до адвокатите“, напишал тој.

Да потсетиме, Луна и Марко неодамна го поканија Дедо Мраз во својот дом, на што особено се израдувала нивната постара ќерка, бидејќи, како што откри Луна, го победила стравот од него. Луна позираше со девојките пред богато украсената новогодишна елка, а потоа со насмевки се сликаа на подот.

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....