00:38 - 28 ноември, 2026

(Видео) Провокативната Јелена Карлеуша мами воздишки: Пејачката се соблече на настап – никогаш позгодна

Познатата пејачка Јелена Карлеуша синоќа имаше настап во еден клуб во Босна и Херцеговина, каде го привлече вниманието со својот се попредизвикувачки стајлинг.

По неодамнешниот настап во белградска арена, каде што носеше „пиштол“ како дел од својот изглед, Карлеуша и овој пат избра слична естетика.

Имено, во комбинација со црн топ, Карлеуша облече мини здолниште, впечатливи ракавици со прерамки во рок стил, црни чизми и очила. Дефинитивно, нејзиниот изглед беше нешто што ја остави публиката без зборови.

Инаку, публиката беше подготвена да чека со часови за да влезе во клубот и да го доживее настапот на Карлеуша, што јасно сведочи за големата популарност на оваа пејачка. Интересот за настапот на српската ѕвезда беше толку голем што еден од присутните изјави дека „денес сите патишта водат кон Прњавор“.

Очигледно е дека Карлеуша, сепак, успеа да го задржи статусот на една од најголемите ѕвезди на домашната естрада, привлекувајќи внимание со својот музички талент, но и со својот изглед.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....