-0.2 C
Скопје
07:55 - 21 јануари, 2025

Љубовната приказна на Бајага: Сопругата ја ЗАПОЗНАЛ ВО АВТОБУС, а првиот состанок и денес го памти!

Момчило Бајагич – Бајага својата сопруга прв пат ја видел во автобус и веднаш му се допаднала. Меѓутоа, кога ја запрашал да излезат следел одговор кој и ден денес го памти.

Момчило и Емилија се во брак од 1989 година, а пред тоа седум години живееле заедно. Она што е интересно кога станува збор за нив двајца е начинот на кој се запознале – во автобус.

– Eма живееше во Земун, а се запознавме во автобус. Во автобус ја прашав дали сака да излезе со мене во недела, а таа ми рече дека не излегува во недела. Мене тоа ми беше знак дека не сака да ме види, кој не излегува во недела? Ема веројатно излегувала во сабота, од каде да знам. Тогаш не ја прашав ништо повеќе, бидејќи ми беше глупаво. Но по неколку месеци ја почнавме врската, изјави музичарот.

Двојката седмогодишната врска ја круниса со брак во 1989 година, а следната година го добија синот Марко, додека осум години подоцна и ќерката Ангела.

На Емилија и ги посвети сите љубовни песни. Нивната врска никогаш не била во искушение, но свесен е дека на нејзината сопруга не и било лесно.

– За јавните лица се пишува сè и сешто. Ема навистина добро поднесуваше, особено во првите години од нашата врска кои беа најлуди. Не можевме да одиме на летување на било кое место каде што одат сите. На Млет еднаш отидовме на една далечна плажа за да бидеме сами. Но од некаде се појавија пет луѓе и цело време не следеа и гледаа во нас – откри рокерот.

Ниту на децата не им беше лесно растењето покрај познат татко. Бајага тврди дека да имаш славен родител е привилегија, особено кога се организираат големи концерти.

– Тогаш сум најнервозен, а тоа тогаш се пренесува и на нив. Многу пријатели од училиште им бараат карти за концерт, па тогаш тие дома бараат од мене, а мене тие денови не ми е до ништо, изјави Бајага.

Слични објави

Милан Калиниќ донесе одлука по разводот: „За три-четири месеци ќе ја видите мојата…“

Еспресо

(Фото+видео) Милош Биковиќ и Ивана Малиќ уживаат со синот: Малиот Василије воодушевен од магијата на зимата

Еспресо

(Фото) Катарина Грујиќ го слави Свети Јован: Домашна атмосфера во семејната вила, пејачката ја покажа масата

Еспресо

(Видео) Дарко ѝ пееше на уво на свеската! Сестрата на Катарина силно го прегрна, не можеа да ги задржат емоциите

Еспресо

(Фото) Лепа Брена „искешира“ 20.000 евра за одморот на Тајланд! Со Боба уживаат во луксузно одморалиште, еве што им е на располагање

Еспресо

Конан О’Брајан ќе биде водител на 97. доделување Оскари

Еспресо
Се вчитува....