16:07 - 7 ноември, 2026

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Иако многумина мислат дека холивудската актерка Никол Кидман сѐ уште се опоравува од разводот со Кит Урбан по 19 години брак, во јавноста сега се појавија фотографии кои откриваат дека таа продолжила понатаму – и тоа побрзо отколку што очекувавме.

Повредена од шпекулациите дека Кит Урбан ѝ бил неверен во бракот, русокосата актерка на њујоршката премиера на серијата „Scarpetta“ пристигна во друштво на актерот Симон Бејкер, со кого подоцна позираше не криејќи ја блискоста и симпатиите.

Позирајќи пред фотографите, Кидман и актерот од серијата „Mentalist“ се држеа за рака, што поттикна многумина да помислат дека меѓу австралиските актери постои нешто повеќе од пријателство.

Во врска со фотографиите се огласи и извор близок до Кит Урбан.

Како што открил изворот за Woman’s Day, Кит Урбан е скршен од гласините за новата романса на поранешната љубов: „Да ги види Никол и Симон како се држат за раце е како да го видиш својот најдобар пријател со твојата жена – и тоа го повреди.

Коментирајќи го својот однос со актерот од „Mentalist“, Кидман претходно откри дека токму таа го натерала Бејкер да ѝ се придружи во снимањето на оваа серија, но ова не е првпат да соработуваат.

Заедно работеа и во 2022 година, кога играа брачна двојка во серијата „Roar“.

„Не ми беше чудно. Често се бакнувавме во образ и се гушкавме. Дури и живеевме во иста куќа. Знаеш, жената со која пораснав беше долго време во брак со него, 29 години, па некако сме исти“, изјави тогаш Кидман, алудирајќи на пропаднатиот брак на Симон со австралиската актерка Ребека Риг.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....