06:43 - 7 ноември, 2026

Бремената Едита Арадиновиќ се огласи и замоли за помош: „Опасно се разболев…“

Пејачката Едита Арадиновиќ е многу загрижена бидејќи за првпат се разболела за време на бременоста, поради што јавно побара помош.

Едита се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, во која откри дека нејзиното здравје е во опасност, поточно, дека се разболела, а во таа прилика побара помош од своите следбеници.

Имено, како што истакна Едита, таа чувствува страв бидејќи за првпат е болна додека е бремена.

„Не знам како, но успеав за еден ден опасно да се разболам. Првпат сум болна во бременоста, малку се исплашив. Ме придружува опасна и постојана кашлица, па би сакала да ве прашам дали имате препорака за добар пулмолог? Моите бели дробови секогаш се први на удар, бидејќи сум поранешна астматичарка“, напишала Едита.

Да потсетиме, Едита неодамна зборувала за својот однос со поранешното момче, Ненад Стевановиќ, кој е татко на нејзиното дете.

– Храброста беше потребна, со оглед на тоа што двајцата знаевме каде оди нашиот однос, а сакавме дете. А од друга страна, мирна сум затоа што знам дека тој е добар човек и ќе биде добар татко. Многу ми е важно да можеме да се слушаме и да комуницираме, а ние сме и повеќе од добри, што е добар знак за иднината. Што се однесува до мојот емотивен живот, тука ќе ставам пауза додека не знам точно што сакам и таква личност ќе привлечам во мојот живот, само што сега ќе бидам двојно повнимателна затоа што имам и за кого – изјавила Едита за „Стори“.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....